СООПШТЕНИЕ : 16.3.2025.1/2

Индекси на прометот во индустријата, февруари 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 1.1 % во февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2025 година во однос на  февруари 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2025 година во однос на јануари 2025 година, изнесува 106.5, додека во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 103.5.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 95.1, додека во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 97.1.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 98.8, додека во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 104.3.

Главни поенти

Промет во индустријата во февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година, вкупно

  • Производство на електрична опрема: +17.1 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: -1.6 %
  • Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: - 8.4 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1. Месечни индекси на прометот во индустријата

2021 = 100

Контакт

Подготвено од: Верица Спасовска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.