Индекси на прометот во индустријата, февруари 2026 година
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 1.6 % во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.0 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, бележи пораст од 19.5 %, додека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на периодот јануари – февруари 2025 година, бележи опаѓање од 3.7 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пораст од 0.8 %, додека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на периодот јануари – февруари 2025 година, бележи опаѓање од 2.4 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пораст од 2.2 %, додека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на периодот јануари – февруари 2025 година, бележи опаѓање од 4.1 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 3.1 %
- Производство на електрична опрема со 4.2 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17.7 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk