СООПШТЕНИЕ

Индекси на прометот во индустријата, јануари 2025 година

Прометот во индустријата е зголемен за 8.9 % во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 11.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 15.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година, изнесува 104.9.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголемениот промет во следните оддели:

-    Производство на прехранбени производи 
-    Производство на пијалаци,
-    Производство на текстил,
-    Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
-    Производство на други неметални минерални производи,
-    Производство на метали,
-    Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
-    Производство на електрична опрема,
-    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
-    Производство на мебел.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 99.5, додека на странските пазари во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 110.8.

Главни поенти

Промет во индустријата во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година

• Производство на прехранбени производи: +8.7 %
• Производство на метали: +0.9 %
• Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место: -6.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1. Месечни индекси на прометот во индустријата

2021 = 100

Контакт

Верица Спасовска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во индустријата