Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Индекси на прометот во индустријата, јануари 2026 година

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9.4 % во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 9.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, бележи опаѓање од 13.9 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6.0 %, додека на странските пазари во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 10.6 %.

Главни поенти

Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите:

  • Производство на прехранбени производи со 5.6 %
  • Производство на метали со 24.4 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Верица Спасовска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во индустријата