Индекси на прометот во индустријата, јули 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 13.8 % во јули 2025 година во однос на јули 2024 година
Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2025 година во однос на јули 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6%, Капитални производи за 36.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2025 година во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од 0.7 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 8.1 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1.3 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10.3 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз порастот на вкупниот промет во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, имаат оддeлите:
- Производство на прехранбени производи со 12.2 %
- Производство на електрична опрема со 8.1 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 106.0 %
Табели

Графикон
1. Месечни индекси на прометот во индустријата
2021 = 100
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk