Индекси на прометот во индустријата, јули 2026 година
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 2.7 % во јули 2026 година во однос на јули 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 6.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, бележи опаѓање од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.3 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 3.8 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст од 1.9 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.2 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 2.3 %
- Производство на метали со 7.3 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 1.9 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk