Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.3.2025.1/6

Индекси на прометот во индустријата, јуни 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 12.3 % во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година

Прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8 %, Капитални производи за 25.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година, бележи пораст од 1.4 %, додека во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, бележи пораст од 7.2 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 0.7 %, додека во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, бележи опаѓање од 2.2 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 16.4 %, додека во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, бележи пораст од 9.1 %.

Главни поенти

Најголемо влијание во порастот на вкупниот промет во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, имаат оддeлите: 

  • Производство на прехранбени производи со 4.9 %
  • Производство на електрична опрема со 4.9 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 94.9 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1. Месечни индекси на прометот во индустријата

2021 = 100

Контакт

Верица Спасовска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на прометот во индустријата