Индекси на прометот во индустријата, јуни 2026 година
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 11.5 % во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.3%, Капитални производи за 13.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, бележи пораст од 12.1 %, додека во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, бележи пораст од 2.3 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи пораст од 11.0 %, додека во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, бележи пораст од 2.9 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи пораст од 12.1 %, додека во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, бележи пораст од 2.2 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 8.6 %
- Производство на метали со 23.5 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 25.1 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Верица СпасовскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: verica.dinova@stat.gov.mk