СООПШТЕНИЕ

Пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот, 2023 година

Во 2023 година во споредба со 2022 година, бројот на обвинетите полнолетни лица е намален за 15.8 %, а на осудените за 16 %

Во 2023 година биле пријавени за 6.9 % помалку полнолетни лица – познати сторители на кривични дела во споредба со 2022 година.

Во наведениот период, намален е и бројот на обвинетите лица за 15.8 %, а на осудените полнолетни лица за 16 %.

Во 2023 година во однос на 2022 година, имало за 8.5 % помалку пријавени деца во судир со законот – сторители на кривични дела, а за 17.2 % повеќе осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела.

Главни поенти

Во 2023 година во однос на 2022 година:

Полнолетни лица

  • Пријавени познати сторители -6.9 %
  • Обвинети -15.8 %
  • Осудени -16 %

Деца

  • Пријавени -8.5 %
  • Осудени +17.2 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Селајдин Курти
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: selajdin.kurti@stat.gov.mk
Подготвено од: Орхидеја Просинас
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: orhideja.prosinas@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.