Ликовни изложби и ликовни колонии, 2023 година
Зголемен е бројот на ликовните изложби во 2023 година за 3.2 % во однос на 2022 година
28 мај 2024
Во областа на културата, со статистички истражувања се следат состојбите во театрите, кината, библиотеките, музеите и издавачката дејност во Република Северна Македонија.
Податоците за деловните субјекти во областа на културата се прибрани од редовните статистички истражувања (едногодишни и тригодишни) што ги спроведува Државниот завод за статистика.
Со годишните извештаи се опфатени податоци за театрите, филхармониите, професионалните оркестри, кината, ликовната и издавачката дејност (книги и брошури); со тригодишните извештаи се опфатени податоците за библиотеките, музеите и техничката култура.
Податоците за театрите, филхармониите, професионалните оркестри и техничката култура се однесуваат за сезонската година, а останатите за календарската година.
Податоците од областа на јавното информирање се прибираат од редовните годишни статистички истражувања што ги спроведува Државниот завод за статистика. Со годишните извештаи се опфатени податоците за јавните радиодифузни претпријатија и трговските радиодифузни друштва, како и податоците за издадени периодични публикации (весници и списанија).
Вкупен број прикажани претстави на професионалните театри 820 2022/2023 година
Вкупен број на концерти на филхармонија 62 2022/2023 година
Вкупен број на прикажаните филмски кинопретстави 13526 2023 година
Вкупно организирани ликовни изложби 554 2023 година
Зголемен е бројот на ликовните изложби во 2023 година за 3.2 % во однос на 2022 година
28 мај 2024
Прикажаните филмски кинопретстави во 2023 година бележат пораст од 19.4 % во однос на 2022 година
14 мај 2024
Во 2022/2023 година во однос на 2021/2022 година помалку прикажани претстави во професионалните театри за 1 %, а за 27 % повеќе посетители
15 дек. 2023