Библиотеки во Република Северна Македонија, 2025 година
Во 2025 година, во споредба со 2022 година, бројот на специјализираните библиотеки е намален за 13.0 %
Според податоците на Државниот завод за статистика и според Класификацијата на библиотеките, во Република Северна Македонија постојат национална библиотека, високошколски библиотеки, специјализирани библиотеки, неспецијализирани (општонаучни) библиотеки, библиотеки национални установи и јавни (народни) библиотеки.
Во 2025 година, во споредба со 2022 година, бројот на специјализираните библиотеки е намален за 13.0 %, a бројот на останатите библиотеки во 2025 година, во споредба со 2022 година, е благо зголемен.
Главни поенти
Библиотеки според видот, 2025 година:
- Национални библиотеки: 1
- Високошколски библиотеки: 73
- Специјализирани библиотеки: 40
- Неспецијализирани (општонаучни) библиотеки: 1
- Библиотеки – национални установи: 5
- Јавни (народни) библиотеки: 50
Табели
Контакт
Себахат МеметиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sebahat.iseni@stat.gov.mk