Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2022/2023 година
Во 2022/2023 година во однос на 2021/2022 година помалку прикажани претстави во професионалните театри за 1 %, а за 27 % повеќе посетители
Во периодот 2022/2023 година, вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри е намален за 1 %, додека бројот на посетителите е зголемен за 27 % во однос на периодот 2021/2022 година.
Во периодот 2022/2023 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 38 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 105.3 % во однос на периодот 2021/2022 година.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 18.7 %, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 35.3 % во однос на периодот 2021/2022 година.
Во периодот 2022/2023 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е намален во однос на периодот 2021/2022 година.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2022/2023 година, во споредба со 2021/2022 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.
Главни поенти
Посетители, 2022/2023 година
· Професионални театри: 159 953
· Професионални театри за деца и млади: 23 774
· Аматерски театри: 7 948
Табели

Контакт
Подготвено од: Себахат МеметиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sebahat.iseni@stat.gov.mk