Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2023/2024 година
Во 2023/2024 година во однос на 2022/2023 година пoвеќе прикажани претстави во професионалните театри за 11.5 %, исто така за 3.1 % повеќе посетители
Вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри е зголемен за 11.5 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 3.1.% во однос на периодот 2022/2023 година.
Во периодот 2023/2024 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 14.8 %, исто така е зголемен и бројот на посетителите за 0.6.% во однос на периодот 2022/2023 година.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 36.5 %, исто така е намален и вкупниот број на посетителите за 46.7 % во однос на периодот 2022/2023 година.
Во периодот 2023/2024 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен во однос на периодот 2022/2023 година.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2023/2024 година, во споредба со 2022/2023 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.
Главни поенти
Посетители, 2023/2024 година
- Професионални театри: 164 958
- Професионални театри за деца и млади: 23 921
- Аматерски театри: 4 236
Табели

Контакт
Себахат МеметиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sebahat.iseni@stat.gov.mk