Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 20.4.2025.1

Корекција: Ги објавуваме повторно податоците за музеите и музејските збирки во Република Северна Македонија, 2024 година

По дополнително доставени податоци, направена е корекција на податоците за 2024 година, кои веќе ги објавивме на 09.05.2025 година

Од  вкупно 28  музеи, според основачот, 20 се јавни национални музеи, 7 се јавни локални  музеи и 1 е приватен музеј, додека според предметот на работа 14 се општи, а 14 се специјализирани музеи.

Бројот на посетителите на музеите во 2024 година изнесува 452 783.

Во 2024 година, музеите организирале 97 сопствени изложби, од кои 47 изложби биле организирани од општите музеи, а 50 од специјализираните музеи .

Музеите располагале со 199 316 инвентарирани предмети, од кои во 2024 година биле изложени 25 007. 

Збирките располагале со 168 394 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 
20 655. 

Податоците презентирани во ова соопштение се добиени од пополнетите прашалници за 2024 година што ги доставија 28 музеи и од 42 музејски збирки.

Главни поенти

  •  Посетители : 452 783
  •  Инвентарирани предмети : 199 316
  •  Изложени предмети : 25 007
  •  Неинвентарирани предмети : 254 303

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Себахат Мемети
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sebahat.iseni@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Музеи и музејски збирки