Население

Статистиката на населението се однесува на нумеричките податоци за населението кое е предмет на набљудување и служи за следење и анализа на демогрaфските и социјалните промени и на причините што влијаат врз структурните промени на населението.

Промените во структурата на населението секогаш настануваат како резултат на директното влијание на природното (наталитет и морталитет) и механичкото (миграции) движење на населението.

Извори на податоците за населението се пописите на населението спроведени во 1921, 1931, 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и 2021 година, според единствени методологии и единствени обрасци, на сите подрачја од пописот.

Бројот на населението на средината на годината е пресметан врз основа на резултатите од пописите на населението и на податоците за природниот прираст, а во податоците од 1992 година наваму е вклучен и механичкиот прираст.

Евиденцијата на виталните настани може да се дефинира како евиденција на едно лице (поединец) од неговото раѓање до крајот на неговиот живот, вклучувајќи ги и промените на личниот статус на тоа лице, неговата граѓанска и брачна состојба.

Миграциите директно влијаат врз зголемувањето или врз намалувањето на бројната состојба на населението. Истовремено, со менувањето на бројната состојба на населението, се менува и старосно-половата структура на населението, со што индиректно се влијае врз интензитетот на природното движење на населението.

Почнувајќи од 2004 година, Државниот завод за статистика ја применува методологијата на прикажување на податоците за виталните настани, при што во вкупниот број витални случаи се вклучени само настаните случени во Република Северна Македонија. Врз основа на ваквата методологија, се пресметуваат и сите индикатори поврзани со виталните настани.

 

Индикатори

Население 1 826 247 Број на лица 31.12.2023 проценет податок

Стапка на морталитет 11.1 на 1 000 население 2023 дефинитивен податок

Стапка на наталитет 9.2 на 1 000 население 2023 дефинитивен податок

Разведени бракови 139.3 на 1 000 склучени 2023 дефинитивен податок

Најнови соопштенија

Сите соопштенија →