Умрени лица од насилна смрт, 2025 година
546 умрени лица од насилна смрт во 2025 година
25 јун. 2026
Статистиката на населението се однесува на нумеричките податоци за населението кое е предмет на набљудување и служи за следење и анализа на демогрaфските и социјалните промени и на причините што влијаат врз структурните промени на населението.
Промените во структурата на населението секогаш настануваат како резултат на директното влијание на природното (наталитет и морталитет) и механичкото (миграции) движење на населението.
Извори на податоците за населението се пописите на населението спроведени во 1921, 1931, 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и 2021 година, според единствени методологии и единствени обрасци, на сите подрачја од пописот.
Бројот на населението на средината на годината е пресметан врз основа на резултатите од пописите на населението и на податоците за природниот прираст, а во податоците од 1992 година наваму е вклучен и механичкиот прираст.
Евиденцијата на виталните настани може да се дефинира како евиденција на едно лице (поединец) од неговото раѓање до крајот на неговиот живот, вклучувајќи ги и промените на личниот статус на тоа лице, неговата граѓанска и брачна состојба.
Миграциите директно влијаат врз зголемувањето или врз намалувањето на бројната состојба на населението. Истовремено, со менувањето на бројната состојба на населението, се менува и старосно-половата структура на населението, со што индиректно се влијае врз интензитетот на природното движење на населението.
Почнувајќи од 2004 година, Државниот завод за статистика ја применува методологијата на прикажување на податоците за виталните настани, при што во вкупниот број витални случаи се вклучени само настаните случени во Република Северна Македонија. Врз основа на ваквата методологија, се пресметуваат и сите индикатори поврзани со виталните настани.
Население 1 822 612 Број на лица 31.12.2024 проценет податок
Стапка на морталитет 11.1 на 1 000 население 2025 дефинитивен податок
Стапка на наталитет 8.7 2025 дефинитивен податок
Разведени бракови 208.0 на 1 000 склучени 2025 дефинитивен податок
546 умрени лица од насилна смрт во 2025 година
25 јун. 2026
Во 2025 година умрелe 20 287 лицa
18 јун. 2026
Во 2025 година се живородени 15 850 деца
11 јун. 2026
Во 2025 година во однос на 2024 година се склучени за 5.1 % помалку, а разведени за 8.0 % повеќе бракови
04 јун. 2026
Во првото тримесечје во 2026 година, природниот прираст е негативен во 66 општини
27 мај 2026
Природниот прираст и во четвртото тримесечје во 2025 година е нeгативен: -956 лица
27 фев. 2026
Бројот на живородени деца во третото тримесечје од 2025 година е зголемен и изнесува 4 431
27 ноем. 2025
Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица
27 авг. 2025
Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја
01 јул. 2025
511 умрени лица од насилна смрт во 2024 година
25 јун. 2025