СООПШТЕНИЕ

Морталитет, 2023 година, дефинитивни податоци

Во 2023 година умреле 20 187 лица

Во 2023 година умреле 20 187 лица, односно за 10.1 % помалку во однос на претходната година.

Поголем број умрени лица, 10 640, се од машки пол наспроти 9 547 жени. 

Умрените доенчиња се 30, а нивното учество е 0.1 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 1 976, се регистрирани во јануари, а најмалку,
1 497, во јуни. 

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 година, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Според Меѓународната класификација на болестите (МКБ-10) најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа со 43.8 % случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.2 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Главни поенти

Во 2023 година: 

  • Морталитетот е намален за 10.1 % во однос на 2022 година 
  • Од вкупно умрените лица 52.7 % се мажи, 47.3 % се жени
  • Според причината за смртта: 
    • Болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 43.8 %
    • Неоплазмите со 18.6 %
    • Ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.2 %
    • Болестите на респираторниот систем со 4.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.