Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Морталитет, 2024 година, дефинитивни податоци

Во 2024 година умреле 20 201 лице

Бројот на умрените лица во 2024 година е 20 201, што претставува зголемување од 0.1 % во однос на 2023 година.

Поголем број умрени лица, т.е. 10 604 се од машки пол наспроти 9 597 жени.
 
Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во месец јануари, а најмалку, 1 518, во месец април. 

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Според Меѓународната класификација на болестите (МКБ-10), најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем (шифра I00-I99) со 36.7 %, потоа неоплазмите (шифра C00-D48) со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90) со 7.7 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Главни поенти

Морталитет, 2024 година

  •  Бројот на умрените лица е зголемен за 0.1 % во однос на 2024 година 
  • Од вкупно умрените лица, 52.5 % се мажи, 47.5 % се жени
  • Најзастапени болести како причина за смртта: 
    o 36.7 % – болести на циркулаторниот  систем, 
    o 19.6 % – неоплазми 
    o 7.7 %   – ендокрини, нутритивни и метаболички болести 
    o 4.1%    – болести на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) и 
    o останати болести, но со помала застапеност

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 -666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Морталитет