СООПШТЕНИЕ

Наталитет, 2023 година, дефинитивни податоци

Во 2023 година бројот на живородените деца е намален за 7.4 % во споредба со 2022 година

Во 2023 година се родени 16 859 деца вкупно, од кои живородени се 16 737, а 122 се мртвородени. 

Бројот на живородените деца во 2023 година е намален за 7.4 % во споредба со минатата година.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 50.9 %, односно на 100 живородени женски деца 103.6 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во август: 1 558.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 33.0 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. 

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.6 години, а на прворотките 28.1 година.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.

Во 2023 година се регистрирани 14 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 2 056 или 12.3 % од вкупниот број на живородените деца.  

Главни поенти

Во 2023 година: 

  • За 7.4 % помалку живородени деца во однос на 2022 година
  • 50.9 % машки, 49.1 % женски живородени деца
  • Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.6 години, а на прворотките 28.1 година
  • Вонбрачни живородени деца се 2 056 или 12.3 % од вкупниот број на живородените деца  

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.