СООПШТЕНИЕ : 21.3.2025.1

Наталитет, 2024 година, дефинитивни податоци

Во 2024 година се живородени 16 061 дете

Во 2024 година се родени 16 153 деца вкупно, од кои живородени се 16 061, а  92 се мртвородени. 
Бројот на живородените деца во 2024 година е намален  за 4.0 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа  51.5 %, односно на 100 живородени женски деца 106.3 се машки.

Според  месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани  во месец  јули:          1 496.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31.8 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. 

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.7 години, а на прворотките 28.2 година. 
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.

Во 2024 година се регистрирани 12 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 844 или 11.5 % од вкупниот број на живородените деца.  

Главни поенти

Бројот на живородените деца е намален за 4.0 % во однос на 2023 година

Структура на живородените по пол:

  • 51.5% машки
  • 48.5 % женски, односно на 100 живородени женски деца 106.3 се машки

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.7 години, а на прворотките 28.2 година

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 844 или 11.5 % од вкупниот број на живородените деца

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Наталитет