СООПШТЕНИЕ

Склучени и разведени бракови, 2023 година

Во 2023 година во однос на 2022 година се склучени за 1.6 % помалку, а разведени за 9.4 % повеќе бракови

Во 2023 година се склучени 12 672 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 1.6 %. Најмногу бракови, 1 597 или 12.6 % се склучени во август, а најмалку во март, 730 или 5.8 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество од 0.8 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.1 година за младоженецот.

Во 2023 година, според возраста, најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4 228 или 33.4 % кај жените и 4 450 или 35.1 % кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17.6 % кај жените и 295 или 16.7 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 393 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Главни поенти

Во 2023 година: 

  • Склучени бракови помалку за 1.6 % во споредба со 2022 година
  • Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.1 година за младоженецот
  • Повеќе разводи за 9.4 % во споредба со 2022 година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Душко Лазаров
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dushko.lazarov@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.