Умрени лица од насилна смрт, 2023 година
Во 2023 година 412 лица умреле од насилна смрт, што е за 15.2 % помалку од претходната година
Во 2023 година бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 15.2 % во однос на претходната година и изнесува 412 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.0 %.
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2023 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 69.9 %, самоубиствата со 25.2 % и убиствата со 4.9 %.
Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 45.4 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Во категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 10.6 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје имаат најголемо учество со 2.9 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Главни поенти
Во 2023 година:
- Намален е бројот на умрените лица од насилна смрт за 15.2 % во однос на 2022 година
- Според структурата по пол, 72.8 % се мажи, а 27.2 % жени
- Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи кои учествуваат со 69.9 %, самоубиствата со 25.2 % и убиствата со 4.9 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Дијана КрстевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk