СООПШТЕНИЕ

Демографски податоци според градски и селски подрачја по региони, 2023 година

Во 2023 година природниот прираст е негативен: во градските подрачја -2 553, во селските подрачја -897 лица

Во 2023 година, во градските подрачја е живородено 10 171 дете, што е 60.8 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 566 или 39.2 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40.3 %, а најмало Источниот Регион со 5.8 %.

Во градските подрачја умреле 12 724 лица или 63.0 %, а 7 463 лица или 37.0 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 17, додека во селските подрачја умреле 13 доенчиња.

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -2 553 лица, a во селските подрачја -897 лица.

Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6 986 или 55.1 % наспроти 5 686 бракови или 44.9 % во селските подрачја.

Бројот на разводите во градските подрачја изнесува  1 090 или 61.8 %, додека во селските подрачја има 675 разводи или 38.2 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42.7 % имаат преселбите од село во град, а Југозападниот Регион има најголемо учество со 44 %. Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 53.4 % наспроти меѓуградските со учество од 1.8 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 1 508 лица, а најмало во Југозападниот Регион, односно -403 лица.

Главни поенти

Во 2023 година:

  • Од вкупно живородените деца, најмногу се родиле во Скопскиот Регион, 40.3 %, а најмалку во Источниот Регион, 5.8 %
  • Од вкупниот број умрени лица, во Скопскиот Регион умреле најмногу, 30.4 %, а најмалку во Североисточниот Регион, 8.0 %
  • Учеството на склучените бракови со 55.1 % и на разведените бракови со 61.8 % е поголемо во градските подрачја
  • Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 53.4 %  наспроти меѓуградските со учество од 1.8 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Јане Крстески
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.krsteski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.