Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.1.2025.1

Демографски податоци според градски и селски подрачја по региони, 2024 година

Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја

Во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9 694 деца, што е 60.4 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 367 деца или 39.6 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40.4 %, а најмало Источниот Регион со 5.8 %.

Во градските подрачја умреле 12 826 лица или 63.5 %, а 7 375 лица или 36.5 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.3 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 28, додека во селските подрачја умреле 19 доенчиња. 

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 132 лица, a во селските подрачја -1 008 лица. 

Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6 014 или 54.3 %, наспроти 5 052 бракови или 45.7 % во селските подрачја. 
Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 299 или 64.2 %, додека во селските подрачја има 725 разводи или 35.8 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42.2 % имаат преселбите од село во град, а Пелагонискиот Регион има најголемо учество со 52.8 %.

 Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 49.6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица.

Главни поенти

Во 2024 година:
Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40.4 %, а најмало Источниот Регион со 5.8 %.
Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.3 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %.
Учеството на  склучените бракови со  54.3 % и на разведените бракови со 64.2 % е поголемо во градските подрачја. 
Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 49.6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Јане Крстески
Телефон: +389-(0)2-3295-666
е-пошта: jane.krsteski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски подрачја и по региони