Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Природно движење на населението, второ тримесечје 2025 година, претходни податоци

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица

Во второто тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца е 3 741 и е намален за 4.2 %. 
 
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 135, што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.
  
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 792 бракови и нивниот број е зголемен за 8.1 % во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува  зголемување од  0.4 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Главни поенти

Во  второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година:
•    помалку живородени за 4.2 % 
•    повеќе умрени лица за 1.2 % 
•    повеќе склучени бракови за 8.1 % 
•    повеќе разведени бракови за 0.4 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Природно движење на населението