Природно движење на населението, второ тримесечје 2026 година, претходни податоци
И во второто тримесечје во 2026 година природниот прираст е негативен: -1 005
Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3 684 и е намален за 3.0 %.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0.6 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 4 689 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 732 бракови и нивниот број е намален за 2.2 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени бракови.
Главни поенти
Во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година:
- помалку живородени деца за 3.0 %
- помалку умрени лица за 0.6 %
- помалку склучени бракови за 2.2%
- Во второто тримесечје од 2026 година регистрирани се 406 разведени бракови
Табели
2025 година, дефинитивни податоци
Користени симболи →
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Дијана КрстевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk