Природно движење на населението, прво тримесечје 2025 година, претходни податоци
Природниот прираст во првото тримесечје од 2025 година e негативен: - 1 872 лица
Во првото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца е 3 526 и е намален за 2.9 %.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 1 846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Главни поенти
Во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година:
- помалку живородени за 2.9 %
- повеќе умрени лица за 3.8 %
- помалку склучени бракови за 25.8 %
- помалку разведени бракови за 22.1 %
Табели

Контакт
Дијана КрстевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk