Природно движење на населението, трето тримесечје 2024 година, претходни податоци
Природниот прираст во третото тримесечје од 2024 година e негативен, -502 лица
Во третото тримесечје од 2024 година живородени се 4 222 деца и во споредба со истиот период од 2023 година, нивниот број е намален за 6.1 %.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 2.4 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 724 лица, а од нив 7 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, односно -502 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во третото тримесечје од 2024 година се склучени 3 536 бракови, што претставува намалување за 12.2 % во споредба со истиот период од 2023 година.
Во ова тримесечје од 2024 година се регистрирани 403 разведени бракови, што претставува зголемување од 24.4 % во споредба со истиот период од 2023 година.
Главни поенти
Во третото тримесечје од 2024 година во однос на истиот период од 2023 година имало помалку:
- Живородени деца за 6.1 %
- Умрени лица за 2.4 %
- Склучени бракови за 12.2 %
а повеќе разведени бракови за 24.4 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Дијана КрстевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk