Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.4.2025.1/3

Природно движење на населението, трето тримесечје 2025 година, претходни податоци

Бројот на живородени деца во третото тримесечје од 2025 година е зголемен и изнесува 4 431

Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца  изнесува 4 431 и е зголемен за 3.7 %. 
 
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува  зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Главни поенти

Во  третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година:

  •   повеќе живородени деца за 3.7 % 
  •   помалку  умрени лица за 0.5 % 
  •   помалку склучени бракови за 2.8 % 
  •   повеќе разведени бракови за 27.7 %

Табели

2024 година, дефинитивни податоци


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Природно движење на населението