Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.4.2026.1/3

Природно движење на населението, трето тримесечје 2026 година, претходни податоци

Во третото тримесечје во 2026 година, бележиме намалување на негативниот природен прираст, кој изнесува -647

Во третото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 160 и е намален за 4.8 %. 
 
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2026 година бележи зголемување од 0.1 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува  4 807 лица, а од нив 19 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -647, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 3 524 бракови и нивниот број е зголемен за 0.5 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 397 разведени бракови. 

Главни поенти

Во третото тримесечје од 2026 година во однос на третото тримесечје од 2025 година:
  • помалку  живородени деца за 4.8 %
  • повеќе  умрени лица за 0.1 %
  • повеќе склучени бракови за 0.5 % 
  • регистрирани се 397 разведени бракови 

Табели

2025 година, дефинитивни податоци


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Контакт

Душко Лазаров
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dushko.lazarov@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Природно движење на населението