Природно движење на населението, четврто тримесечје 2024 година, претходни податоци
Природниот прираст во четвртото тримесечје од 2024 година e негативен: -1206 лица
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 430 бракови и нивниот број е намален за 14.7 % во споредба со истиот период од 2023 година, а регистриран е 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во споредба со истиот период од 2023 година.
Главни поенти
Во четвртото тримесечје од 2024 година во однос на истиот период 2023 година:
- живородени -4.2 %
- умрени лица -1.0 %
- склучени бракови -14.7 %
- разведени бракови -23.9 %
Табели

Контакт
Подготвено од: Дијана КрстевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk