Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Природно движење на населението, четврто тримесечје 2025 година, претходни податоци

Природниот прираст и во четвртото тримесечје во 2025 година е нeгативен: -956 лица

Во четвртото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца изнесува 3 842 и е намален за 2.5 %. 
 
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 8.2 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 798 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -956 , што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 310 бракови и нивниот број е намален за 4.8 % во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 469 разведени бракови, што претставува  намалување од 10.3 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Главни поенти

Во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на четвртото тримесечје од 2024 година регистрирани се:

  • помалку живородени деца за 2.5 % 
  • помалку умрени лица за 8.2 % 
  • помалку склучени бракови за 4.8 % 
  • помалку разведени бракови за 10.3 %

Табели

2024 година, дефинитивни податоци


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Природно движење на населението