Наставници и соработници во високообразовните установи, академска 2024/2025 година
Во високобразовните установи наставна дејност извршуваат 3 197 доктори на науки
23 апр. 2025
Образованието подразбира организирана и постојана комуникација со цел да се овозможи учење. Со истражувањата во статистиката на образование се обезбедуваат податоци за мрежата на основните, средните училишта и факултетите, како и податоци за учениците, студентите и наставниот кадар според многубројни белези.
Научно-истражувачката дејност претставува истражувања кои придонесуваат за развојот на научната мисла и за подигање на научното ниво во сите подрачја, полиња и области на науката, придонесуваат за трансферот на светските знаења, технологии и вештини за вкупниот развој на Република Северна Македонија.
Истражувањата во основните и во средните училишта се спроведуваат секоја година, со две состојби: на почетокот и на крајот на секоја учебна година.
Истражувањата во високото образование и науката се спроведуваат со годишна периодика.
Дипломирани студенти - прв циклус на студии на државните универзитети 5 240 2023 година
Запишани студенти (прв циклус на студии) 52 316 aкадемска 2023/2024 година
Наставници во високообразовните установи 3 325 академска 2024/2025 година
Ученици кои завршиле редовно основно училиште во приватни училишта 0.8 % учебна 2023/2024 година
Во високобразовните установи наставна дејност извршуваат 3 197 доктори на науки
23 апр. 2025
На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179 661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 737 ученици ја завршиле годината
17 апр. 2025
Редовни основни училишта на почетокот на учебната 2024/2025 година се 943, а редовни средни училишта 128
07 апр. 2025
Во академската 2023/2024 година најмногу студенти, 12 982, се запишале во областа здравство и социјална заштита
03 јул. 2024
Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2023 година, 26 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право
27 мај 2024
Во академската 2023/2024 година во високобразовните установи наставна дејност извршуваат 3 176 доктори на науки
19 апр. 2024
На крајот на учебната 2022/2023 година во редовните основни училишта 180 796 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 66 364 ученици ја завршиле годината
15 апр. 2024
Редовни основни училишта на почетокот на учебната 2023/2024 година се 955, а редовни средни училишта 129
29 мар. 2024
Во 2023 година 174 лица се стекнале со звањето доктор на науки
25 мар. 2024
Во 2023 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 828 лица
25 мар. 2024