СООПШТЕНИЕ

Дипломирани студенти, 2023 година

Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2023 година, 26 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2023 година, дипломирале
7 422 студенти, што претставува намалување за 0.8 % во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81.4 % се редовни, а 1 379, односно
18.6 % се вонредни студенти, а дипломирани студентки се 64.8 %.

Од вкупниот број студенти, 37 % дипломирале во рокот, а 63 % по рокот.

Главни поенти

Дипломирани студенти на прв циклус студии во 2023 година:
  • 7 422 вкупно
  • 6 043 редовни
  • 1 379 вонредни

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Недрета Нухии
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: nedreta.nuhii@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.