СООПШТЕНИЕ : 22.1.2025.1

Дипломирани студенти, 2024 година

Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2024 година, 26.5 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7 021 студент, што претставува намалување за 5.4 % во споредба со 2023 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 526, односно 78.7 % се редовни, а 1 495, односно
21.3 % се вонредни студенти,а дипломирани студентки се 59.4 %. 

Од вкупниот број студенти, 35 % дипломирале во рокот, а 65 % по рокот.

Главни поенти

Дипломирани студенти – прв циклус:

  • 7 021 вкупно
  • 5 526 редовни
  • 1 495 вонредни

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Недрета Нухии
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: nedreta.nuhii@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Дипломирани студенти на високите школи и факултетите