Доктори на науки, 2023 година
Во 2023 година 174 лица се стекнале со звањето доктор на науки
Во 2023 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица, што претставува намалување за
11.7 % во споредба со 2022 година.
Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите бизнис, администрација и право, потоа 20.7 % во здравство и социјална заштита, следат општествените науки, новинарството и информирањето со 13.8 %, уметноста и хуманистичките науки со 12.1 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.
Во текот на 2023 година, докторска дисертација одбранила 91 жена, што претставува 52.3 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.
Главни поенти
Во 2023 година звањето доктор на науки го стекнале:
- 174 лица, од кои
- 83 мажи
- 91 жена
Табели

Контакт
Подготвено од: Хамзи ИсманиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: hamzi.ismani@stat.gov.mk