Доктори на науки, 2024 година
215 лица се стекнале со звањето доктори на науки
Во 2024 година, звањето доктор на науки го стекнале 215 лица, што претставува зголемување за 23.6 % во споредба со 2023 година.
Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, потоа 16.7 % уметност и хуманистички науки, следат бизнис, администрација и право со 14.4%, општествени науки, новинарство и информирање со 11.6 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.
106 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2024 година, што претставува 49.3 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.
Главни поенти
215 доктори на науки
- 109 мажи
- 106 жени
Табели

Контакт
Хамзи ИсманиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: hamzi.ismani@stat.gov.mk