Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Доктори на науки, 2025 година

245 лица се стекнале со звањето доктори на науки

Во 2025 година, звањето доктор на науки го стекнале 245 лица, што претставува зголемување за 14 % во споредба со 2024 година.

Најголем број од лицата, 25.3 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, во бизнис, администрација и право 14.7 %, во инженерство, производство и градежништво 12.7 %, во уметност и хуманистички науки 12.2 %, следат областите општествени науки, новинарство и информирање со 10.2 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

147 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2025 година, што претставува 60 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Главни поенти

Во 2025 година докторирале 245 лица, од нив:

  • 147 се жени, а
  • 98 се мажи

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Хамзи Исмани
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: hamzi.ismani@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Доктори на науки