СООПШТЕНИЕ

Основни и средни училишта на почетокот на учебната 2023/2024 година

Редовни основни училишта на почетокот на учебната 2023/2024 година се 955, а редовни средни училишта 129

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2023/2024 година изнесува 182 124, што претставува намалување за 1.6 % во однос на претходната учебна година.

Во оваа учебна година биле запишани 19 848 првачиња.

Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната 2023/2024 година изнесува 67 278, што претставува намалување за 2.8 % во однос на претходната учебна година.

Во истата учебна година во прва година биле запишани 17 596 ученици.

Главни поенти

Запишани ученици во редовните основни и средни училишта на почетокот на учебната 2023/2024 година:

  • 19 848 во прво одделение
  • 17 596 во прва година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Перо Илиевски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: pero.ilievski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.