Основни и средни училишта на почетокот на учебната 2024/2025 година
Редовни основни училишта на почетокот на учебната 2024/2025 година се 943, а редовни средни училишта 128
Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2024/2025 година изнесува 180 627, што претставува намалување за 0.8 % во однос на претходната учебна година.
Во оваа учебна година биле запишани 19 452 првачиња.
Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната 2024/2025 година изнесува 67 143, што претставува намалување за 0.2 % во однос на претходната учебна година.
Во истата учебна година во прва година биле запишани 17 984 ученици.
Главни поенти
Запишани ученици во редовните основни и средни училишта на почетокот на учебната 2024/2025 година:
- 19 452 во прво одделение
- 17 984 во прва година
Табели

Контакт
Подготвено од: Перо ИлиевскиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: pero.ilievski@stat.gov.mk