СООПШТЕНИЕ

Запишани студенти на прв циклус студии, академска 2023/2024 година

Во академската 2023/2024 година најмногу студенти, 12 982, се запишале во областа здравство и социјална заштита

Во академската 2023/2024 година се запишале 52 316 студенти, што претставува намалување за 
2.8 % во однос на претходната 2022/2023 година. Запишани студентки се 30 704 или 58.7 %. 

Најголем број студенти, 77.9 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 
22.1 % се запишале на приватните високообразовни установи. 

Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15 330 студенти или 29.3 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 676 студенти во прва година се запишале првпат.

Главни поенти

Запишани студенти на прв циклус студии, академска 2023/2024 година

  • Државни високообразовни установи: 77.9 % од вкупниот број студенти
  • Приватни високообразовни установи: 22.1 % од вкупниот број студенти
  • Прва година на студии (првпат): 13 676 студенти

 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Снежана Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.