Запишани студенти на прв циклус студии, академска 2024/2025 година
Во академската 2024/2025 година најмногу студенти, 13 371, се запишале во областа Здравство и социјална заштита
Во академската 2024/2025 година се запишале 53 535 студенти, што претставува зголемување за 2.3 % во однос на претходната 2023/2024 година. Запишани студентки се 31 734 или 59.3 %.
Најголем број студенти, 76.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека
23.2 % се запишале на приватните високообразовни установи.
Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 14 644 студенти или 27.4 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат.
Главни поенти
Запишани студенти на прв циклус студии, академска 2024/2025 година
- Државни високообразовни установи: 76.8 % од вкупниот број студенти
- Приватни високообразовни установи: 23.2 % од вкупниот број студенти
- Прва година на студии (првпат): 13 825 студенти
Табели

Контакт
Снежана СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.stojkovic@stat.gov.mk