СООПШТЕНИЕ

Магистри на науки и специјалисти, 2023 година

Во 2023 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 828 лица

Во 2023 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 828 лица, од кои
1 624 или 89 % се магистри и 204 или 11 % се специјалисти. 

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2022 година, е намален за 2.9 %.

Учеството на жените магистри, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2023 година е 59.8 %.

Во 2023 година, најголем број од магистерските трудови, 624 или 38.4 %, се од областите на бизнисот, администрацијата и правото, 21.6 % се од областите на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 11.9 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Главни поенти

Во 2023 година стекнале звање:

  • 1 624 магистри
  • 204 специјалисти

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Билјана Здравковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: biljana.zdravkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.