СООПШТЕНИЕ

Основни и средни училишта на крајот на учебната 2022/2023 година

На крајот на учебната 2022/2023 година во редовните основни училишта 180 796 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 66 364 ученици ја завршиле годината

На крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1.4 % во однос на претходната учебна година. 

Во истата учебна година основно образование завршил 18 791 ученик. 

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3.9 % во однос на претходната учебна година.

Средното образование во оваа учебна година го завршиле 18 875 ученици.

Главни поенти

Во учебната 2022/2023 година:

  • Основно образование завршил 18 791 ученик 
  • Средно образование завршиле 18 875 ученици 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Емрах Хусеиновски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: emrah.huseinovski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.