СООПШТЕНИЕ

Основни и средни училишта на крајот на учебната 2023/2024 година

На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179 661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 737 ученици ја завршиле годината

На крајот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 181 311, што претставува намалување за 0.5 % во однос на претходната учебна година.

Во истата учебна година основно образование завршиле 19 179 ученици. 

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2023/2024 година изнесува 65 995, што претставува намалување за 1.0 % во однос на претходната учебна година.

Средното образование во оваа учебна година го завршиле 18 146 ученици.

Главни поенти

Во учебната 2023/2024 година:

  • Основно образование завршиле 19 179 ученици
  • Средно образование завршиле 18 146 ученици

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Емрах Хусеиновски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: emrah.huseinovski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.