Активно население, 2025 година
Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6.6 % во споредба со 2024 година.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 61.4 %, а жени 38.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1.5 % споредено со 2024 година. Од вкупниот број вработени, 57.6% се мажи, а 42.4 % се жени.
Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 94 847, што е за 11.5 % повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48.5 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.
Главни поенти
Годишни податоци, 2025 година
• Активно население: 796 399 лица
• Вработени: 704 617 лица
• Невработени: 91 782 лица
• Стапка на активност: 52.5
• Стапка на вработеност: 46.4
• Стапка на невработеност: 11.5
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Стапка на невработеност
Контакт
Ајрија ЧаушоскаТелефон: +389 2 3295666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk