Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.1.2025.1/2

Активно население, второ тримесечје 2025 година

Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, додека за 7.2 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 65.5 %, а жени 34.5 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0.1 %. Од вкупниот број вработени,  57.2 % се мажи, а 42.8 % се жени. Учеството на неформалната вработеност се зголемува.

Неформално вработени лица се 98 095, што е за 8.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 51.4 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.

Главни поенти

·         Активно население: 792 746 лица

·         Вработени: 701 369 лица

·         Невработени: 91 377 лица

·         Стапка на активност: 52.2

·         Стапка на вработеност: 46.2

Стапка на невработеност: 11.5

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапка на невработеност

Контакт

Ајрија Чаушоска
Телефон: +389 2 3295666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Активно население