Активно население, трето тримесечје 2024 година
Во третото тримесечје од 2024 година стапката на невработеност е намалена за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
Во третото тримесечје од 2024 година, активното население изнесува 796 733 лица, од кои 698 411 лица се вработени, додека 98 322 лица се невработени.
Бројот на вработените забележува благо зголемување од 1.0 % во однос на претходниот месец и зголемување од 0.8 % во споредба со истиот период од минатата година.
Невработеноста во третото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 0.1 % во однос на претходното тримесечје и намалување од 3.9 % во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Стапката на активност во овој период изнесува 52.6 %, стапката на вработеност 46.1 %, додека стапката на невработеност е 12.3 %.
Главни поенти
Трето тримесечје 2024 година
- Активно население: 796 733
- Вработени: 698 411
- Невработени: 98 322
- Стапка на активно население: 52.6 %
- Стапка на вработеност: 46.1 %
- Стапка на невработеност: 12.3 %
Табели

Графикон
Стапка на невработеност
Контакт
Подготвено од: Ајрија ЧаушоскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk