Активно население, трето тримесечје 2025 година
Бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0.4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6.7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.5 %. Од вкупниот број вработени, 57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени.
Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 100 619, што е за 2.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 48.8 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.7 % во секторот Градежништво.
Главни поенти
- Активно население: 796 930 лица
- Вработени: 705 165 лица
- Невработени: 91 765 лица
- Стапка на активност: 52.5
- Стапка на вработеност: 46.5
- Стапка на невработеност: 11.5
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Стапка на невработеност
Контакт
Ајрија ЧаушоскаТелефон: +389 2 3295666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk