Активно население, четврто тримесечје 2024 година
Во четвртото тримесечје од 2024 година стапката на невработеност е намалена за 0.4 процентни поени во однос на претходното тримесечје
Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население изнесува 795 321 лице, од кои
700 526 се вработени, додека 94 795 лица се невработени.
Бројот на вработените забележува мало зголемување од 0.3 % во однос на претходниот месец и зголемување од 1.9 % во споредба со истиот период од минатата година.
Невработеноста во четвртото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 3.6 % во однос на претходното тримесечје и намалување од 7.9 % во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Стапката на активност во овој период изнесува 52.5 %, стапката на вработеност 46.2 %, додека стапката на невработеност е 11.9 %.
Главни поенти
Четврто тримесечје 2024 година
- Активно население: 795 321
- Вработени: 700 526
- Невработени: 94 795
- Стапка на активност: 52.5 %,
- Стапка на вработеност: 46.2 %
- Стапка на невработеност: 11.9 %.
Табели

Графикон
Стапка на невработеност
Контакт
Подготвено од: Ајрија ЧаушоскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk